Владата воведува медиумска цензура среде епидемија, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злоупотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи критички медиуми. За поставување на прашања на онлајн конференциите во Владата потребни се акредитации. Но, само членовите на ЗНМ можат да ги добијат акредитациите.
Имено во дописот за регистација стои:
Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),
како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”
Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број критички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.
*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/main
Со ова на критичките медиуми им се забранува да поставуваат прашања.
Меѓу нив се Курир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.
Новинарите на овие медиуми имаат извадено акредитации за присуство на владини прес-конференции. Не може регистер на невладина организаицја да биде над тоа.
Ова е срамно, во услови на епидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.
“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!
Вака се справува со кризата; Лажи и чекај да те фалат!, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.