Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, вечерва во телевизиско гостување во емисијата „Објектив“ во МТВ, во врска со случувањата во Собранието и гласањето на пратениците во скафандер,истакна дека со гласањето во скафандер пратениците го прекршиле законот, со тоа власта го силува работењето во Собранието, како и дека тој преседан е прикривање на скандалите, но и истиот може да биде злоупотребен во иднина доколку продолжи да се применува.
Убаво рековме ова беше преседан, прашањето е дали ќе остане на преседан или власта ќе се обиде на овој начин да го прескокнува Собранието и да си ги турка законите, незнаејќи кој влегол во скафандер во тие простории, не знаејќи како тие гласале воопшто во тие простории, навистина мене ме чуди затоа што нема да знаеме дали тие што гласаат во просториите се всушност пратениците, вели Стоилковски.
Стоилковски вели дека се силуваше парламентарното работење, но и станува дегутантно како се изживува власта која на сила го прави ова врз работата на парламентот.
Но она што требаше да биде резултат од тој пи-ар со овој чин на власта не и излезе како што сметаше, прво се бараше дефокус од крипните афери и скандали кои ја тресат оваа власт, за скандалот со Рашковски, за фатената дрога, за која се знае кој ја транспортирал, за аферите Мафија, па по тоа ова се големи скандали кои се надоврзуваат на здравствената криза, на економската криза, неснаодливоста, лукративноста и коруптивноста на власта, посочи Стоилковски.
Тој критикуваше дека не може да се прескокне дека Македонија остана без вакцини само за криминогени дејанија или барање вакцини преку посредници за вадење на некој процент од таа набавка.
Вториот пи-ар момент за гласањето со скафандери во парламентот беше да се прикрие гласање за петтиот пакет мерки, кога таа точка не се стави на дневен ред кога имаше мнозинство во Собранието, како и дека вистината е тоа што има финансиски проблеми, Буџетот не е ликвиден и не блеска, па по тоа власта направи едно шоу со тоа гласање, со што го доведе во прашање здравјето и ги прекрши законите, вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.