Кој му се заканува на Сашо Дуковски, адвокатот на Боки 13 додека истиот дава исказ пред јавен обвинител, откако пред само неколку дена пред суд рече дека парите од завршиле кај Зоран и Вице Заеви, праша на вонредна прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНе Наум Стоилковски.

Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина, за преку телефон, додека истиот е на суд со неговиот адвокат, да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите: „ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник и кривична пријава – рече Стоилковски.

Според него, ова е директна закана за убиство и е кривично дело. Тој го повика јавното обвинителство веднаш да постапи согласно надлежностите и да ги открие заканувачите.Стоилковски праша дали  продолжувањето на исказот на Боки закажан за 7 јули е оставање простор да се влијае врз Боки 13.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.