До кога бе со глуматање?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по попладневните преписки помеѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче.
Не само што е срамно што Стево и Венко глумат префрлање за катастрофата со изостанување на имунизацијата до сега па граѓаните (да, и функционери на власта) бараат спас во странство, туку и ќе додадам:
Стево, не глуми аналитичар! Седна во таа фотеља со гласови на 2 секунди, а сега на површина исплива сета твоја површност, непознавање, неспособност и недораснатост за оваа функција.
До сега било кој друг што ќе беше на твое место ќе го обиколеше светот, сите центри на моќ и ќе донесеше вакцини! Луѓе умираат АМАН!
Но, тогаш ќе се заплеткаше во провизиите за ваксајнс, па мораше да седиш мирен, така ли?
Кога им требаше, се испокрши по „љубави“, се искрши со изјави за поддршка, се искрши за брзо-брзо потврдување на состојби, потпишување закони…
Не ми требаш ти да кажеш тоа што сите го знаат, дека е СРАМ, но и ЖАЛНА СЛИКА. Ми треба барем еден одговорен лик во функционерска фотеља.
Затоа, срамот е и ТВОЈ!
И побогу, зошто не побара одговорност и оставка од Филипче, ако си фраер, м?
Затоа немој да глумите, за да го переш туѓиот срам, бидејќи е и твој!
Само личите на онаа „кавга” на Оливер со Обвинителите и Судот за исчезнувањето на еден лик кој што потоа „мистериозно” се прошета пред камера па беше осуден. А по „кавгата“ и причината за неа, никој не понесе одговорност, нели?
Стево, ти се обраќам со ТИ, не само затоа што добро се знаеме, туку и затоа што ВИЕ треба да се заслужи!, пишува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.