Ова сега што го направи Зоран Заев е токму како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пластелин колаиција и таа се формира на барање на партиите кои се таму и сега што може да се очекува од коалиција која на партија која има 3-4 пратеници добива и толку министерски, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Македонска телевизија во емисијата Објектив.

Но, ова, оваа пластелин коалиција води кон една друга состојба. Се поставува прашањето дали власта можеби ќе оди со ново законско решение и измени со кои ќе предвидува нови функции, како што беше случај пред некоја година кога воведе заменици директори во јавните претпријатија. И сега за да ги задоволи апетитите на партнерите може да се донесе некој закон на пример за заменици на заменици и дополнување на администрацијата – рече Стоилковски.

Оттука според него сето ова е направено само за вработување на партиски кадри.

Се друго е ставен во заден план. Се побара и ревизија на судски случаи и се додека за судски предмети се разговара на политичка маса, а не во судството кажува многу. Тоа е фрлање на песок во очи на јавноста и ништо повеќе. Првите поглавја за ЕУ се правда и внатрешни работи и тие велат дека се за ЕУ како се за ЕУ кога го бараат ова да има ревизија на судски предмети – кажа Стоилковски.

Но она што зачудува, вели тој, е тоа што според власта Македонија веќе три години има датум за преговори со ЕУ три години, ги има решено сите прашања со соседите.

Сега не може ништо да се очекува. Ме чудат колициските партнери на Заев помалите кои велат не се задоволни и велат Гаши барал премногу, а тоа се луѓе кои еден ден ја рушеа владата, а друг ден веќе влегоа во власта и стануваат дел од колачот на криминалот и корупцијата – посочи Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.