Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето поврзано со законот за изградба на нов клинички центар, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ваков проект на најкриминалната влада која Македонија ја имала до сега.
ВМРО-ДПМНЕ нема да даде амин на проект на најкриминогената власт до сега во Македонија. Нема да даде амин на најкриминогениот министер чиј што тендери се скандалозни и се објавуваат секојдневно оттука од оваа прес сала.Ова е петта година како СДСМ замајува со темата Клинички центар. Ова е обид за бегство од темата поврзани со состојбите во здравството, ова е обид за бегство од темата наречена вакцините, скандалот со справувањето со цела криза во сите овие месеци, овие година дена. Венко Филипче турка проекти во кои што најголем дел има тендерски постапки кои што се скандалозни и со големи можности за корупција. За сето ова време додека ги туркаше овие тендери можеше да изгради два клинички центри, не еден во Скопје. Срамота е сега да се перат со молби до пратениците од опозицијата. Во интерес на граѓаните ќе беше да го имаа изградено Клиничкиот центар кој што им беше оставен или оној кој што го ветуваа во предизборието уште пред пет години. Пет пати го ветуваат, немаат ништо од Клинички центар во Скопје. Сега во интерес на граѓаните е да не им се дозволи уште половина милијарда задолжени евра во рацете на оваа криминогена власт.Треба да им е јасно, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал, со самото тоа што на најкриминогената скандал до скандал власт во Македонија да и овозможи над половина милијарда евра на граѓаните, само врз база на закон на неколку листови – потенцираше тој.
Стоилковски во врска со тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го води целиот овој процес во Собранието потсети дека постојано не се прифаќаат амандманите на опозицијата.
Опструкција и деструктивност во Собранието гледаме постојано со тоа што не се прифаќаат амандманите од опoзицијата, со туркање на закони по скратена постапка, со злоупотреба на европското знаменце. Дури и со оние моменти со поставување на пратеничките прашања до власта каде што, прашањата поставени од опозицијата се ставени некаде на крај, ако и воопшто дојдат на ред. Опструкција и деструкција во Собранието е неставање на темите и на прашањата, на законите кои што се на разгледување во Собрание, да речеме темата за состојбите со лозарите во Собранието, поднесена уште лани, уште не е на собраниска седница, а веќе почнува нова сезона за нив. Деструкција е да не се стават и интерпелациите кои што беа побарани пред повеќе од еден месец за двајца министри, а сеуште не се на дневен ред на Собранието. Така што, пред да зборат за деструкции и опструкција нека си погледнат во сопствениот двор – додаде Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.