Пеплосани се луѓе, тие прават политички театар!, коментира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев не се изјасни дали ја прифаќа оставката на министерот за здравство Венко Филипче.
Заев рече дека ќе чека да заврши истрагата за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица, па ќе реши дали да ја прифати оставката.
Двајца блиски како Заев и Филипче не си “поднесуваат” документи без претходен договор.
Секој во државава знае за блискоста на Заев со Филипче, тоа е и дегутантно потенцирано, па со тоа и претходно секој од нив е запознаен со искреноста во чекорите на другиот.
Поточно, Заев знае ја чувствува ли Филипче одговорноста или вчерашната изјава е целосна лага, глума дека чувствува грижа на совест.
Секоја натамошна игра со оставката на Филипче е само купување време, смирување страсти и дефокус од проблемите со груби лаги, нечовечност и театар при толкава трагедија!
Пеплосани се луѓе, тие прават политички театар!, пишува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.