Ова е режим, забеган, без логички потези, чисто изживување измислено да се спаси диктаторот. Да се заборави на пожарите, за личен спас. Удри по кафичите. Да се збори за друго, не за одговорност на диктаторот, смета Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

За хотелските гости нема да треба доказ за вакцинација!
Е ова е дискриминација. По сите основи, само не родовополови!
Ова е режим, забеган, без логички потези, чисто изживување измислено да се спаси диктаторот. Да се заборави на пожарите, за личен спас.Удри по кафичите. Да се збори за друго, не за одговорност на диктаторот.
Се сетив, во април, во време на карантин, медиуми го уловија Српче Богдановиќ во ресторан; па тој се правдаше бил гостин на хотел; па извади Нело документ дека Српче соба земал дури на полноќ, откако излезе веста по медиуми; Дури и Стојко Пауновски инспекторот го правдаше. Па и Стојко го истераа… Хаос!
Пак ќе следат драми и теленовели од латиноамерички тип; Не друго, и диктатурата ни е таква, наркокартелска, со тотално забегани мерки од целосно оддувани ликови!
И нема врска ова со вакциналниот антикорона процес. Ова е намерно измислено потпалено скандализирање за да се избега од одговорност за пожарите!
Да се спаси Диктаторот Зоран!, смета Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.