Невладина организација на министерката за финансии Нина Ангеловска среде епидемијата добила пари од Фондот за иновации. Наместо грижа за справување со кризата и со буџетската дупка, а по лагите за полн и ликвиден буџет, таа се грижи како нејзините соработници од СДСМ да добијат пари од Фондот за иновации, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Веб платформата „Дигитални Услуги“ изработена од невладината организација на министерката за финансии, всушност е копија на интернет платформа „Дигитална Солидарност“ во Србија. Оваа платформа во Македонија е платена со пари од Фондот за иновации како дел од јавниот повик „Креатон“, а е изработена од организација чиј што претседател е Нина Ангеловска и во чии органи на управување има луѓе блиски до владејачката СДСМ. Фондот за иновации продолжува да биде Фонд за СДСМ и за нејзините блиски. Министерката за финансии позната со нејзините изјави за ликвиден и буџет без проблеми на почетокот на кризата, сега веројатно е можно повеќе да се грижела како да ги одржи своите во невладината организација, отколку работниците во македонската економија – вели Стоилковски.

Тој додава дека во моменти кога лидерот на Нина Ангеловска, Зоран Заев тврди дека административците се богателе со тоа што немале каде да ја трошат платата, и заедно со Ангеловска планирале кратење на платите, нејзините другари од СДСМ во НВО добиваат пари од Фондот за иновации.

Ова е срамно и понижувачки, додека Ангеловска бара ДОНАЦИИ од граѓаните да ги враќаат парите од нејзиниот неуспешен проект „Мој ДДВ“, нејзината НВО да заработува од буџетот преку Фондот за иновации. Ангеловска и целиот тим на СДСМ покажуваат целосната несериозност во време на кризата и епидемијата, а овој скандал како и луксузните набавки од владата покажуваат нивна целосна одлепеност од реалноста. Најмалку што може министерката за финансии Нина Ангеловска е јавно да се произнесе за овој скандал, јавно да каже колку пари земала нејзината НВО од Фондот за иновации и секако да ги вратат парите земени од НВО земени преку Фондот за иновации – потенцира Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.