Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека беа непотребни изборите на СДСМ и не очекува никаква промена во партијата. Тој го нападнал Ковачевски на прес конференцијата, зошто Македонија нема време за куртоазност.

Не очекувам никаква промена со Ковачевски зошто е невозможна промената која се оечкува од него. Вчера беше изгласана новата доктрина на ВМРО-ДПМНЕ, а денес нема одговор за автобуската несреќа во Бугарија. Нема виновник, нема одговорност. Убеден сум дека Заев е тој кој ја води политиката и не му остава простор на Ковачевски. Оваа пластелин коалиција нема капациетет за надминување на кризата и решението се избори.- рече Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.