Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил објави коментар на Никола Спасов.

Ова е Никола Спасов, сопственик на агенција “Рејтинг”, син на генсек на СДСМ, сега апологет на власта, Ѓорѓи Спасов.

Ова е негов синоќешен коментар под видеото каде повикувам на помош за пехчевско- делчевскиот регион што се уште се пеплосува.

Ова е коментар од организираниот напад од фирербункерот на Заев во одбрана на Стојанче и пироманската влада на Заев.

За мене вели “идиоту”, а за Стојанче што се слика и сака да снима закаснета реакција, гаснење од хеликоптер по четири дена пожар, за тоа нема зборови за “восхит”.

Ама има заднина.

2019 година- Рејтинг добил 93.000 евра од државен/општински буџети.

2020 година- Рејтинг добил 45.000 евра од државен/ општински буџети.

2021 година- Рејтинг добил 16.000 евра од државен/ општински буџети.

Над 150.000 евра има добиено “Рејтинг” на Спасов за “консултации” и за “анкети” за 2019, 2020, 2021 година.

(Информација од Јавни Набавки)

400.000 евра било скапо за одржување на авионите за гаснење пожар во овие три години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.