Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на новинарското прашање за кандидирањето на Добрила Кацарска за Уставен судија вели дека сосема била јасна заслугата на Кацарска за да биде дел од уставниот суд.
Сосема е јасна наводната заслуга на Добрила Кацарска за да биде дел од уставниот суд. Уставобранителите се во затвор а криминалците се на слобода. Кацарска судеше и пресуди драконски казни за случајот „Тенк “ , „27 април “ потоа за процеси од СЈО а беше дел и од судскиот совет што го очисти Зоран Заев во предметот „Поткуп“ . Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за мерцедесот во кој што се вози Заев а го осуди и Митко Чавков значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во уставен треба да и е награда за испорачаното за потребите на мафијата. После овој предлог за Добрила Кацарска да биде дел и да има мандат во уставниот суд никој во оваа држава од власта нема право да убедува дека владата планира борба со корупција и владеење на правото – вели Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.