Македонија гори, Стојанче Ангелов споделува цртежи на социјални мрежи! Македонија гори, Ангелов се фали со карикатури, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Целосна одлепеност од реалноста на оној кому што му е оставена сета заштита на државата!

Почитувани, Се уште Македонија е во кризна состојба, се уште беснеат пожари, се уште шумите, селата, градовите, па и човечки животи се во опасност, а нема системски одговор, и нема одговорност! Наместо тоа, има карикатури од човек целосно неадекватен за позицијата.

Почитувани, Ова е прв пат волонтери од странство да дојдат да гаснат пожари во Македонија. А власта одмора, споделува цртежи и тера личен маркетинг! Напорите за справување со огнената стихија ја координираат Австријци, Словенци и други странци. Странските медиуми ја претставуваат Македонија како да е во 14 век, за тоа време унапредениот Стојанче споделува цртежи и си игра со гранчиња. Тоа е системот на СДСМ во кризна состојба, среде оган.

Почитувани, Власта дезертираше, среде кризна состојба. Замина на одмор, се врати, се сликаше, го изеде месниот нарезок на пожарникарите и повторно ја снема! Нема друг случај во Европа каде премиер и минситри дезертирале, ја напуштиле државата за време на соочување на земјата со голема криза и загрозени човечки животи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.