Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил напиша:

Лидија Димова е само капка во морето криминал, дозволен и аминуван од Заев и Мафијата.

1. Регулаторна на Бислимовски- поскапување на струјата со партиско политички мотив
2. ШИК Јелак- Криминално отстапување, од одлуки на влада до гласање во опптина, на цело Тетово на балкански проруски мешетар со црни пари од Панама
3. Колапс на здравството- тендер-тандемот Венко и Илир кои градат згради и купуваат имоти, а се бркаат сестри и доктори среде рекордна зараза
4. Тешки инциденти во кои за жал е вмешана полиција. Најчеста цел Роми на кои им велеа “членската на СДСМ ќе ви биде ЛК”
5. Колапс на образованието- нема ништо од платформата и онлајн инфраструктура, сите се оставени сами на себе
6. Дивоградби и Криминални Легализации- Партнери на Заев фалсификуваат документи за цели фабрики, рушењето кај Мавровка остана театар.
7. Малите фирми да згаснеле- Економски дебакл и тонење, Заев бара само кредити и заеми за плати и луксузни трошоци
8. Рашковски генсек на Мафијата никако да биде виден од ДКСК И ЈО, а го има од Леонардо до ШИК Јелак
9. Заеви купуваат вила на Халкидики, во затворен луксузен комплекс- обвинува за лага, додека цели фирми истава да пропаднат
10. Костадинов се фали со мотори од 20.000 евра- крие имот и негово потекло а е невидлив за ДКСК, а глуми добротвор со поткупи
11. Осум милиони евра потрошени за нови службени коли за две години- Мерцедесот е удобен за Заев, не го продаде за Брза Помош
12. Меѓународни дипломатски скандали- за жал на сите, поразите и понижувањата не застануваат заради лагите и трговиите на Заев.

Сето ова се случува во два месеци од новата влада. Ќе беа и три месеци влада , да не избега Заев во “непознат правец”.
Треба да е јасно дека Заев и Мафијата ќе ја жртвуваат Лидија Димова за да ги покријат другите скандали, затоа медиумски се следи случајот.
Треба да е јасно дека никој ништо во таа Мафија не прави без Заев да дозволи.
И сам вели : Без Заев не може!
И јасно е- секој криминал води до 33!

А Лидија уште нека молчи, ќе заврши како Катица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.