ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција реагира на одлуката на Јавното обвинителство да не поведе постапка по видеото на кое се гледа како Ден Дончев, екс-директорот на најбогатиот фонд во Република Македонија, зема сноп пари и ги става во чанта.
Според партијата ова е срам за целиот правосуден систем, срамна изјава дадена од Јавното обвинителство, срам за секој обвинител во Република Македонија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ова не е Јавно обвинителство! Ова е марионета на Заев за исполнување нарачки. Јавното прислушкувано обвинителство не ја исполнува својата должност, не ја исполнува својата основна функција да го брани јавниот интерес и да постапува по предмети, рече Стоилковски.
Од партијата се сомневаат дека одлуката на Љубомир Јовевски и Вилма Рускоска е одлука на Заев за да го спаси својот Ден Дончев, веројатно само затоа што Ден Дончев знае многу повеќе и можеби ќе му го загрози сиот рекетарски октопод на Заев, сега во кампања.
Јовевски и Русковска го претворија Јавното обвинителство во фиока за застарување и воопшто не отворање на предмети со јасна поврзаност со Заев и неговата забегана банда. За Заев и неговата банда не се вештачат телефони, барањето мито е донација. Видеото со ставање пари во чанта не е доказ! Јовевски и Русковска не се нè надлежни, тие се надлежни! Но, со непостапување досега повеќе пати направиле злоупотреба на службената положба и овластување. Ден дончев е амнестиран, помилуван за снимка каде става пари во чанта, за него нема потреба да се отвора предмет, реагира Стоилковски.
Тој потсети дека оваа амнестија за Ден Дончев следи по амнестијата на Зоран Заев за „Поткуп“, неговото криење за случајот „Рекет“, следи по амнестијата за Рашковкси, следи по амнестиите за Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.