По прес конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше запрашан за коментар за ревизија на судските случаи. Тој посочи дека во нормална држава тоа би требало да биде работа на обвинители и судски органи.

Што се однесува до прашањето за договорените ревизии на судските случаи, тоа во нормална држава би требало да е работа на обвинители и судски органи. За жал се додека на маса се збори за овие работи, а не во судница, имаме такви епизоди какви што сведочиме“, посочи Стоилковски.

Јавноста не треба да наседнува на фолклорот на СДСМ и Алтернатива. Тоа е само завесата со којашто тие упорно манипулираат со чувствата на граѓаните, а зад таа завеса се функциите и министерствата кои што си ги делат и коишто им носат приходи. Секогаш кога се одвива некаква кражба тие ја вртат темата кон националната реторика, судските случаи, и јавноста не треба да наседнува повеќе на веќе видени епизоди“, заклучи Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.