“Треска” ја продале за “евро квадрат”? Онаа Треска каде Шилеговача три преса држеше, ќе отвораше спортска академија, ќе враќаше “живот” и сјај, тегнеше луѓе и камери, кудеше како било оставено? Тоа ли била намерата? Да се продаде како “коалициски капацитет”?

85000 квадрати за неполни 100.000 евра! Цела Треска за стан од 70 квадрати во Центар?

И Шилеговача заедно со кримивладата се истопорија за градба на “елитна населба”!

Земја продадена во 2018 по евро квадрат па “стигнало” 71 денар? И тоа поделена на над 140 парцели? Шума, еј, развиена шума!

Само да прашале околу ќе дознаеле дека под 10 евра нема квадрат во Глумово и Сарај уште од 2016 година, пишува на Фејсбук, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.