Костадин Костадинов, во Скопје има повеќе поговорки за црпнати во бели одела. Верувам си немал време да ги слушнеш од чистење на кондурите на Првоцрпнатиот.

Да те потсетам, се закануваше и беше достапен и за аферата Мрежа, за случајот непотизам со вработувањето на мајка ти, најдобрата средношколка на оглас во струмичко и пошироко. И што се случи, ајде потсети? Туку објави ли до кога точно и течеше стаж на мајка ти во администрацијата?

И дај објасни како се тебе ти згаснуваа бизнисите во Струмица, како сите четири ли, пет ли беа, сите во стечај заминаа одеднаш? Има една анегдота во струмичко, вели Кока Кола само во Струмица отишла во стечај 🙂

Костадине, нешто ти се намалува друштвото, од оној на Полче, преку Боки, па еве и од Катици, Кикија, Фрикија креваш раце.

И за тоа во Скопје има и поговорки и лек, ама има уште фурни леб да јадеш за да ги дознаеш. Но, прво намали со белото, не е ова Јужна Америка, тука други бои одат по протокол.

Вака портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски му одговори на својот колега од противничкиот табори, Костадин Костадинов. Портпаролот на СДСМ го нападна Стоилковски со народни поговорки од струмичкиот крај, откако гласноговорникот на најголемата опозициска партија на прес-конференција го повика да одговори дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев.

Стоилковски вечерва на својот фејсбук профил напиша:

Жалосно е кога Детуле ќе тргне по стапките на аболициран криминалец и ќе го прогласува за урнек, за идол. Жалосно, но тоа не го оправдува фактот дека и самиот при очи брани криминал и при памет влетува во игри кои му ги води идолот. А вина за тоа има и сета природа околу него – од министри, нивни роднини, активисти, поддржувачи.
Не може Детулето да не знае што е криминал, а да биде ВД градоначалник, па пратеник, па партиски портпарол.
Тоа е недозволиво исто како што недозволиво е Министер за Правда да тера разговори за Закон, а под нос да и тече најголемиот Рекет, организиран ОКТОПОД од нејзини колеги и блиски. И пострашно владино- обвинителско- судски инстанци да се вмешани, а таа НИШТО да не изусти кон расчистување на скандалот!
И таа носи вина за Детулето.
Како и да е, Детулето е доволно зрело за да распознае криминогено дејство, доволно зрело за почитички функции, па и доволно зрело да се носи со последиците од следењето и бранењето на Идолот, Урнекот Му, носителот на Октоподското злосторничко здружување.
Капата му ја скрои Идолот, Урнекот за политичко- рекетарско- непотистичко- криминогено делување.
Со здравје да си ја носи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.