Феудалецот Зоран Заев и неговите министри изгласаа македонски суровини и минерали, државни ресурси, да му ги отстапат на братот на Зоран Заев, на бате Вице, на дури 30 години, а надлежните и најповиканите за спречување на таквата корупција спијат, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски рече дека Владата ТАЈНО, на 6 октомври доделила 30-годишна концесија за експлоатација на руда на Еленица, фирма на Заеви, каде и Зоран Заев бил дел од УО. Информацијата одеднаш се појавува во Службен весник.
И ова не е прва семејна фирма на феудалецот Заев која што добива 30 годишна концесија од владата. На ист начин, тајно, владата на феудалецот Заев доделила 30 годишна концесија за руда и минерални суровини за Тотал инженеринг, фирма на бате Вице. И на ист начин, пред две години, одлуката во јавноста се објавува само во Службен весник, посочи Стоилковски.
Тој рече дека ДКСК има чиста позиција и е должна согласно надлежностите што и ги дава законот, имаат обрска да констатира располагање на државни добра за приватни цели.
За оваа долгорочни концесија не е ништо друго туку чиста корупција произлезена од судир на интереси. ДКСК не смее да се крие зад формалности, рече Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.