Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил напиша:

На ТВ тече пренос од дефиле.

Фатив со поглед рудари.

Маршираат во нови чизми. Жолти, пластични, како за деца во снег. Маршираат со наведнати глави.

И мораа да застанат пред Апашите. Апашите станаа да им аплаудираат.

Што знам, се ми се чини дека не се вистински рудари.

Минаа и трактори. Нови, без кал, без ронка македонска земја. Без ниедна гребнатинка од македонски камен.

Ни тие што возат не личат на земјоделци.

Туку, ги нема текстилките. Оние, истерани од работа. Оние што шиеја чевли по нарачка за Апашите.

Но, за нив нема ни аплаузи.

Нема ниту некој да ги замени.

Тие за Апашите веќе и не постојат.

Сѐ ме потсетува на оние филмски журнали снимани за Диктаторите.

Па, всушност исто е. Само во боја!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.