Борис Тунџев е именуван функционер на режимот, директор на државниот катастар, а додека е директор, тој добива лиценци за долготраен вносен бизнис, производство на струја, лиценца на цели 35 години? Оттука прашање кое што се уште е неодговорено по вчерашниот прес е „со што Тунџев го задолжил режимот, за неговата семејна фирма да добие долгорочна лиценца?“. На ова денеска на прес конференција побара одговори Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Тунџев во својот лист до ДКСК впишал компанија, фирма за струја на неговата сопруга. Нема причини, основ на стекнување, но затоа фирмата основана во 2019, веќе следната година, лани добива лиценца од Марко Бислимовски на цели 34 години? Интересен е фактот којшто е наведен во одлуката за давање лиценца, потпишана од Марко Бислимовски. Имено, во него стојат податоци дека компанијата, според документите, на сопругата на Тунџев, направила договор за долготраен закуп, во јуни 2019 година. Внимавајте, само договор за „долготраен закуп на градежно земјиште“, додека пак во септември 2019, три месеци подоцна се прави Анекс договор, со којшто „правото на долготраен закуп е утврдено на 35 години сметано од денот на склучување на договорот, односно до 24 јуни и ќе трае до 2054 година – тврди Стоилковски.

Една година потоа, во август 2020, Марко Бислимовски, рече Стоилковски, му издава лиценца од регулаторната комисија за производство на електрична енергија, со времетраење од цели 34 години.

Интересно е тоа што важењето на лиценцата се поклопува со датумот на истек на долгорочниот закуп на земјиштето. Значи, фирмата е основана на 18 јуни 2019 година, по само 6 дена, на 24 јуни 2019, го склучува првиот договор за закуп, за после 3 месеци да направи временска рамка од 35 години закуп, да инвестира и веќе следната година да добие лиценца од цели 34 години, токму до датата кога истекува наемот. Легитимно е прашањето, дали во периодот од јуни до септември 2019 година, еден директор на режимот му ветил на друг директор на режимот дека ќе му даде лиценца за можеби 34 години, за тој безгрижно да направи договор за долгорочен наем на градежно земјиште од 35 години? Легитимно е прашањето, дали еден директор на режимот, би влегувал во таква инвестиција ако не е осигуран од друг надлежен директор на режимот дека ќе добие долгорочна лиценца? – рече Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.