Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ денеска присуствувал на сведочењето и вели дека како поранешен новинар е револтиран од нецелосно и половично информирање кое е зачинето со лични субјективни додатоци во вест.
Бидејќи бев присутен на сведочењето, сведокот Сиљан М. посочи дека дал своеволна донација во време која партијата била во опозиција, пред да дојде на власт, пред да може да вети било што.
Уште повеќе дека на истиот начин тоа практика му било, давал донации и на други партии вклучително и СДСМ.
Како поранешен новинар најмногу ме нервира нецелосното и уште повеќе половично информирање зачинето со лични субјективни додатоци во вест.
Правдањето кое лично ми беше кажано “бев позади до ѕидот и не слушав најдобро” не е никаков изговор за долгогодишен новинар.
Ја разбирам потребата на медиумите да штедат на ресурси, но за “ексклузивки” подобро да се потпрете на сопствени луѓе на кои што верувате дека нема да ве остават на цедило, пишува Стоилковски на фејсбук.
Бидејќи бев присутен на сведочењето, сведокот Сиљан М. посочи дека дал своеволна донација во време која партијата била…
Posted by Naum Stoilkovski on Wednesday, 9 September 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.