Балканот ја имаше Жолтата куќа, а Македонија го има Венко Филипче! Здравството е колабирано, луѓе остануваат без органи, епидемија коси, вакцини нема, Македонија е слепо црево кога е здравството во прашање, изјви денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Се уште нема реакција за скандалот со родилката во струшката болница водена од директорот на болницата.

Срамно е по половина година правдата да се бара преку медиуми за жена, родилка која што останала без витални органи. Срамно е да нема истрага за ваков случај, само затоа што можеби се работи за директор на болница и неговиот син кои што се со политички функции? Жена чија што бременост е водена од директорот на болницата да остане на крај без витални органи и да нема истрага е навистина срамно жално и не се почитува човековиот живот? Балканот ја имаше Жолтата куќа, а Македонија го има Венко Филипче! Здравството е колабирано, луѓе остануваат без органи, епидемија коси, вакцини нема, Македонија е слепо црево кога е здравството во прашање, а тој се вози на мотори по планини и гради хациенди. Доста е со криење на проблеми под тепих, време е Венко Филипче да си ја потпише оставката!, изјави денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.