Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира на тоа што во изминатите три недели во Македонија има дури 726 жртви на епидемијата на Ковид-19.
Како што вели Стоилковски, бројките најдобро ја покажуваат неспособноста и лакомост на мафијашкиот режим на власта.
290 жртви за една недела, 253 жртвувани минатата, 183 неделата пред неа…
Вкупно 726 жртви на короната за само три недели!
726 жртви на алчноста за провизии!
И црниот биланс не запира!
Ова не се суви бројки, ова е број на ковид- погреби во Македонија заради неспособноста и лакомоста на мафијашкиот режим.
Погледнете ја црната статистика и тоа само официјалната, за ден петок, од 19 март, 26 март, 02 април, 09 април!
726 за три недели!!!
Македонија се претвора во масовна ковид гробница на жртви на режимот на криминалци!
Затоа денеска во 11 часот ќе застанам и ќе протестирам пред Министерство за здравство – пишува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.