Во предвечерјето на годишнината од големата победа над фашизмот, сеќавајќи се на ужасите и милионите жртви, добивме, не само ние граѓаните на оваа обезличена и очигледно сè победна територија, до вчера Република Македонија, туку и Србија и Европската Унија, необична честитка, се вели во реакцијата на Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократкста партија на Србите по повод вчерашниот скандал со издавањето на поштенска марка на која картата на „Независна држава Хрватска“ од Втората светска војна, на која територијата Хрватска е длабоко навлезена во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

„По повод Денот на победата над фашизмот или Денот на ЕУ, што и да е, добивме честитка со која се слави фашизмот, честитка што претставува тешка навреда за здравиот разум, навреда за обичните луѓе, антифашисти, Срби и Србија и, конечно, навреда за Европската Унија на која ѝ се залепи етикетата на фашистичка Хрватска, гробницата на Србите и антифашистите.

Очигледно е дека политичките интереси на различни групи имаат различни фокуси на научни вистини и историски факти, обидувајќи се да ги обликуваат според дневните потреби со цел да ги ревидираат минатите настани, а со тоа ја загрозуваат општествената меморија, цивилизацијата и научните вистини и историски факти.

Наместо нулта толеранција против сеприсутниот фашизам, добивме отворена државна промоција на фашизмот. Наместо регионална соработка и стабилност, добивме повеќе од сериозна провокација со фашизмот. Мора да ѝ се честита на Северна за враќањето на фашизмот во јавниот државен дискурс.

Ве поканувам на овој голем ден да ја задржите топлината во нашите срца заради големата победа. Во нашите срца сè уште трепери тагата за трагедијата од минатото, но и надежта дека сè уште ќе го зачуваме споменот на славните победници и немилосрдно ќе учествуваме во борбата против фашизмот кој го гледаме и чувствуваме околу нас“, напиша Стоилковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.