Еве уште еден промашен датум за избори, почнавме со 14. јуни, па 21, 28.јуни, а еве и 5. јули како можен датум се покажува не само за нереален, туку и неостварлив. Од повеќе причини, првата е секако несериозната лицитација со датумот на избори на Зоран Заев, заради која, помеѓу другото и дополнително се обремени и отежна борбата против пандемијата и втората – Затоа што сѐ уште се манипулира со уставната положба на Претседателот на Републиката – објави вечерва Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, на Фејсбук.

Во неговиот фејсбук статус, Стоилковиќ напиша:

Дури и од самиот Претседател, пред сѐ, заради тесно партиски интереси ја запостави проблематичната состојба врска со јавното здравство предизвикано од вирусот, па наместо одложувањето на изборите да биде заради објективни причини, а тие се сериозното загрозување на јавното здравје, односно драматичниот пораст на заболените од ковид-19, се бараат изговори кои и тоа и не се.

Недостатокот на политичкиот дијалог, се прикрива со тнр. Уредбата на Владата, која и не е спорна пред се заради фактот дека со нова Уредба старата престанува да постои, па така и роковите поврзани со нејзиното спроведување.

Сите овие настани не вратија на почетните позиции, а тие се несозреаноста на политичките елити да најдат компромис по одредени прашања за кои истиот е неопходен услов, дури и законски отелотворен со изборот на тнр. Пржинска Влада па така повторно државата ја доведовме во состојба второстепени политичари од ЕУ и амбасадори да ни помагаат во определувањето на датумот за избори, што секако е поразително за земја која е во очекување на реален датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Незрелоста оди дотаму, се прави обид, се блефира, дека ќе се навлезе во изборен процес кој нема да биде инклузивен и кој нема да биде со сите актери на политичката сцена, поготово на партија или коалиција која има повисок рејтинг од владеачката партија или коалиција и која ќе победи на наредните парламентарни избори и на тој начин дополнително се загрозува меѓународната позиција на државата и доведува во прашање недобиениот датум за почеток на преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.