Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, со свој коментар за вчерашните случувања со осврт на реакциите и изгледот на премиерот Зоран Заев.
Во Куманово имаше вулканизер чија работилница се викаше ЦЕПИ ЛЕПИ, фацата на премиерот на синоќешната седница (која нели не беше отворена, а беше затворена и која патем се одржа без присуство на пратеници) личи на човекот кого на половина пат му се дупнала, исцепила гумата па мора да оди на вулканизер да ја залепи…
Цепи лепи политиката продолжува на највулгарен начин, се додека не се уверат дека исцепаната гума може да…лоадинг, истакна Стоилковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.