Единствена партија на која по изборите треба да им се честита на резултатот е ДУИ на Али Ахмети бидејќи покрај контролирањето на најголемиот број општини во Македонија, каде живеат Албанци и контрола на добар дел од министерствата во Владата, успеаја да протнат и консензуален систем на одлучување, под плаштот од закана од војна, судири и немири кај Албанците, смета Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите и пратеник во Собранието, прашан дали ваквиот состав на новата влада ќе биде на некој начин темел за идна федерализација на државата.
Значи, на некој начин се закануваше со федерализација, но во суштина се работеше на тоа да се дојде до консензуална демократија бидејќи кога тоа го имате, ја имате контролата на цела држава, вели Стоилковиќ.
Заради тоа, како што наведува Стоилковиќ, не би говорел за федерализација бидејќи тоа значи половичен начин на одлучување.
Консензуална демократија, иако таа подразбира половичен начин на одлучување, на Албанците впрочем им омозвожува контрола на целата држава. Така, на овие избори е потврдено тоа што и претходно го говорев – дека Албанците, дефинитивно, се политички газди во Скопје, категоричен е Стоилковиќ.
Според него, Министерството за финансии, каде има многу пари, е едно од клучните министерства кое Албанците го бараа.
Тоа е министерство кое контролира се во државата, па власта на Зоран Заев нема да биде во ситуација во потполност да ги контролира сите финансиски и политички текови во земјата, згора на се што првиот потпретседател на владата кој доаѓа од ДУИ, има на некој начин врзан потпис со претседателот на Владата. Затоа мислам дека ривалството помеѓу СДСМ и ДУИ уште пред истекот на првите сто дена влада ќе почне да ги дава првите негативни резултати. Отворена е пандорината кутија на таканареченото уставно преуредување на Македонија, смета Стоилковиќ.
Во таа смисла, додава тој, честитките по изборот секако не може да се упатат до партијата на македонскиот премиер.
Како некому можете да честитате уништување на сопствената нација, уништување на унитарниот карактер на сопствената држава, формирање влада и победа на изборите ако го уништил комплетно уставно-правниот систем? Значи, не се работи за никакви честитки, туку за црн превез на реверите на речиси сите граѓани на Македонија кога е државата во прашање., оценува Стоилковиќ.
Лидерот на Демократската Партија на Србите во една прилика изјави дека никој да не смета на гласовите на Србите ако не ги почитува. Се коментираше дека се подготвува да промени страна, дека ќе се продаде за власт, но Стоиљковиќ остана на својот збор. Остана лојален на коалицијата, не дозволувајќи никој да го купи неговиот глас.
Тој сега вели:
Оваа земја ја очекува многу тежок период во кој треба да се задоволат сите тие различни интереси, но од друга страна е добро што српскиот народ, ниту по еден основ, не учествува во ова што се случува во Македонија, а што не е добро ниту за државата ниту за граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.