Бројките на заболени со коронавирус треба да се намалуваат одреден период, па да зборуваме дека се стабилизира работата. Бројките сега само ја демантираат власта. Кога бројот на новозаболени ќе падне под 5 проценти, па потоа ќе биде еден процент новозаболени ќе може да зборуваме за избори, рече Иван Стоиљковиќ, лидер на Демократска партија на Србите во Македонија на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.
Немам дилеми дека се ова што го прави власта е само добра реклама за претстојните избори, додаде Стоиљковиќ.
Се што прави власта е само маркетинг и купување на гласови. Власта воопшто не ја интересира здравјето на граѓаните. Гледам повозрасното население е исплашено, а ова ми е од разговори со многу лица, а и јас сум во таа ризична група веќе, посочи Стоиљковиќ.
Тој посочи дека треба да има избори кога седум дена ќе има под пет проценти заболени, седум дена два проценти и седум дена еден процент на забоени.
Мора да има бројки не може на памет да зборуваат, рече Стоиљковиќ.
Според него делувањето на владата во целиот период на корона вирусот е една лага.
Средства не знам зошто се уплаќаат во фондот, тоа се средства кои владата си ги користи за себепромоција. Сметам дека поддршка треба директно да се даде. Владата не е таа која треба да се занивама со хуманитарна дејсност. На пример лица од СДСМ се натпреваруваат кој повеќе дал хуманитарна помош. Тоа не е хуманитарна активност тие делат на свои луѓе, тоа е поткуп, вели Стоиљковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.