Министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, изрази сочувство за синоќешната трагедија во модуларната болница во Тетово, јави дописникот на МИА од Софија.
– Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во Ковид болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е солидарна со Република Македонија во ова тажно време, му напиша на Твитер шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев во пораката на Твитер до својот македонски колега Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.