Инспекторатот за јазици троши 100 илјади евра по вработен, а пазарниот инспекторат 10 илјади евра по вработен, открива вториот дел од анализата на „Сакам да кажам“ околу измислените државни органи и нелогичностите во нивните буџети.
Инспекторатот за јазиците е најчудното нешто според она што го пишува во Буџетот за 2021 година. Вели има само двајца вработени, а добил дури 16 милиони денари за годинава. Тоа значи дека Државниот пазарен инспекторат има оперативни расходи од околу 10 илјади евра по вработен, а Инспекторат за употреба на јазиците има оперативни расходи од околу 100 илјади евра по вработен. Настрана што покрај Инспекторатот за употреба на јазиците постои и нова Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Агенцијата има 19 вработени и 46 милиони денари буџет за оваа година, пишува порталот.
Покрај Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој секојдневно врши контроли во државните институции, постои и Совет за унапредување и надзор на ревизијата. Според доделените пари, на ДЗР, една од најагилните институции во Македонија, им се паѓа по 1.176.000 денари по вработен, а на тие во Советот со сличен назив, 2.082.000 денари по вработен.
Во описот што сработел лани овој Совет формиран од Владата, стои: Издадени 10 лиценци на овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори – трговци поединци.
Најголеми пари добиваат ТИРЗ и Оперативно-техничка агенција (ОТА).
Целата анализа на „Сакам да кажам“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.