Министерството за образование и наука соопшти дека корисниците на правото на ученичка стипендија кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на користењето, документите можат да ги достават од 1.09.2021 до 30.09.2021 година. Оние, пак, кои во некоја од изминатите академски години оствариле право за користење студентска стипендија и ги исполнуваат условите за продолжување, документите можат да ги достават од 1.10.2021 до 30.10.2021 година.
Корисникот на ученичка стипендија треба да достави потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидетелство.
Корисникот на стипендија, пак, треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку учениците или студентите не се во можност да ги достават електронски, документите може да се достават преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.