Министерството за надворешни работи на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2021/2022 година. Стипендиите ќе бидат наменети за странски државјани од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.
Потребните информации заинтересираните кандидати може да ги најдат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/
Апликациите може да се достават најдоцна до 30 април 2021 година во електронска форма до Амбасадата на Романија во Скопје skopje@mae.ro или до Амбасадата на Република Македонија во Букурешт, соопшти на својата веб-страница Министерството за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.