Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (МЕХТ) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и Додипломска студентска програма.

Повикот за аплицирање е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје, а во објавата на веб-страницата на нашето Министертство за образование и наука се достапни линковите за повеќе информации за начинот за пријавување на програмите.

Документите треба да се достават до Амбасадата на Јапонија во Скопје, најдоцна до 25 мај 2021. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа кои е предвидено да се одржат во средината на јуни 2021.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.