Ако се говори за историја, тогаш треба да се почитуваат сите факти. Бугарија беше на страната на силите на Оската и на крајот прејде на страна на сојузниците, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во разговор за МКД.мк. Според него, нема ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет и за прашања кои дефинитивно се решени, кои се апсолвирани.
Јас сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање на проблемите во целиот регион, вели Месиќ.
Целото интервју на МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.