Министерството за здравство ја информира јавноста дека вчера, во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер.
Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.
Според договорт, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец. Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe). Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан , што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини, соопшти Министеството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.