Името не може да се решава без државен консензус, не партиски, не владин, не национален, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, власт и опозиција, Албанци и Македонци, сите мораме да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. Тврдам дека ова прашање има толку големи пропорции и не засега сите што живееме во оваа земја, да легитимитетот кој владеачката партија го има добиено на избори не е доволен. Треба ли да имаме референдум на крајот на тој процес? Знаете ли колку луѓе треба да гласаат на тој референдум. Двете големи партии во 2011 рекоа дека ќе биде облигаторен. 

Јас сум да има компротимс, но каква содржина ќе има тој компромис, не може да решава само еден човек. Или сите ќе се договориме за тој компромис, кој не нè ибезбличува како Македонци, или јас не сакам да разговарам за таа работа, говореше своевремено заедничкиот кандидат за претседател на владеачката коалиција, Стево Пендаровси, кратко пред да си ги заборави сопствените зборови и да ја поддржи промената на името која ја истурка власта предовдена од Заев и поркај излезноста на референдумот од само 36 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.