Претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски пресуди дека виновна за прислушувањето е претходната влада, иако за ова се уште нема никаква пресуда. Во дебатата на ТВ Сител Пендаровски почна да ја обвинува претходната власт за прислушувањето на 20.000 лица, но, доби ладен туш од Река.

-Стево, извини што ти упаѓам, но каде се судските одлуки за тоа 20.000 прислушувања? Зошто еден не е затворен во затвор? Немојте така на власт сте, никој не е затворен – му порача Река на Пендаровски.

На оваа реплика, кандидатот на СДСМ остана целосно без аргументи. А на тврдењата на Река се надоврза Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.