„Можеме лесно да кажеме дека ова е веќе трет бран. Капацитетите на Инфективната клиника се речиси пополнети“, вели директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ за емисијата „360“.

Стевановиќ, во вчерашната дебата на „360 степени“ зборуваше и за разликата во клиничката слика и симтопмите кај пациентите кај кои е детектиран британскиот сој на вирусот. Таа вели дека не може да издвои дали смртноста е поголема или не, за разлика од изворниот сој, но забележува дека пациентите со британски сој на коронавирусот имаат значително повисока температура.

„Во однос на смртноста е можам да кажам дека е поголема, но тоа што направи впечаток е дека сега гледаме пациенти со повисока температура отколку претходно и тоа е причина што создава паника и страв. Како симптом, покачената температура е почеста кај пациентите“, истакна Стевановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.