Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ вели дека барем 50 отсто од пациентите кои починале од Ковид-19 по хоспитализација на клиниката се донесени на лекување предоцна и дека исходот можеби би бил различен ако пациентите барем се консултирале со матичниот лекар кој би ја следел нивната состојба, место да се самолекуваат дома.

Од вкупниот број од над 470 хоспитализирани на клиниката, имаме 90 пациенти кои се со смртен исход. Најголем дел од пациентите се донесени по 10-15 дена самолекување дома, без никаква консултација со лекар. Нашите математики се дека барем 50% од починатите пациенти кај нас се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил различен ако пациентите барем го консултирале својот матичен лекар да ја следи нивната состојба и евентуално влошување, рече Стевановиќ.

Додава и дека на клиниката веќе имаат сериозен број на починати пациенти од новиот вирус кои не се многу возрасни, т.е. се на средна возраст и кои не пријавиле хронични болести.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.