Во втората претседателска дебата на МРТ1, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ја обвини кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова дека во минатите години правото не владеело во Република Македонија и институциите не функционирале.

На ова обвинување, Силјановска му рече дека нема спас од евоцирање спомени и дека треба да се соочиме со сегашната ситуација за да се решат проблемите.

Јас ниту сум имала некаква улога, ниту сум била дел од тие структури, за разлика од мојот противкандидат Пендаровски којшто бил советник за безбедност и надворешна политика, речиси во сите процеси од 1990-тата година, па до денеска во сите структури. Би требало советникот да ги советува оние за кои бил платен да влијаат врз концептот на владеењето на правото, но во градењето на кариерата тој се разбира станал дел од тој систем. Ако сте креирале еден модел на систем тогаш вие не можете да го измените него, креаторот не може да биде реформатор, му одговори Силјановска на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.