Доцна вечерва, по 20:30 часот, заврши маратонското рочиште за предметот ТНТ на СЈО, во кое на прашањата на адвокатите од 12 часот со паузи одговараше обвинетиот Миле Јанакиески.

Бранителите назначени по службена должност на обвинети во случајот ТНТ регира дека им е оставено прекратко време за увид во обемен материјал од 20.000 страници, но судијата Ставрев дозволи само куса пауза, не и одложување на рочиштето.

Јанакиески 12 часа зборуваше за односот со семејството на бизнисменот Фијат Цаноски, за процедурите за издвањње и неиздавање одобренија за градење и локациски услови, за прислушуваните телефонски разговори…

В понеделик се откажани сите други рочишта во кои суди овој судечки состав и во 9.30 часот продолжува судењето за ТНТ. Прашања на Јанакиески ќе треба да му поставува обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми.

Наводно причина за ваквиот однос на судијата Ставрев кон овој случај е тоа што на една од поротничките во советот на 24 декември, односно во вторник, ѝ истекува мандатот, па ако дотогаш не биде донесена пресуда, предметот по кој се постапува две години, ќе мора да почне одново.

Но, оваа верзија има и појака страна. Причината што судот сака со брзина на светлината да го обесштети бизнисменот Фијат Цаноски има друга природа, со оглед на тоа што поротничката Лилјана Ивановска Кочковска уште пред две години и пет месеци има наполнето 60 години и не смее да суди и да биде член на судски совет.

Претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, важи за партиски судија на СДСМ во Кривичниот суд, а според упатени лица освен партискиот мотив има уште два други мотиви.

Едниот е унапредување кое Ставрев треба да го добие веднаш по завршување на процесот ТНТ, и тоа унапредување во Апелацискиот суд.

За вториот мотив се шпекулира дека станува збор за ветување на бизнисменот Фијат Цаноски, кој побарува 40 милиони евра отштета од државата. Наводно Цаноски им ветил на повеќемина дека дел од добиените средства од обештетувањето братски ќе ги поделат. Но, за Цаноски да ги добие парите за „братска делба“, Ставрев треба да го одработи своето, односно да ги осуди обвинетите за бесправно уривање на дивоградбата на Цаноски.

Во предметот ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.