Кабинетот на претесдателот излезе со сооштение во врска со изјавите на неговиот советник Денко Малески дека Македонците и Бугарите се еден народ и оти Гоце Делчев  и Крсте Петко Мисирков биле Бугари. Оттаму потврдуваат дека Малески го советува Пендаровски, но оти не се согласуваат со неговите ставови.Сепак напоменуваат дека тој има право да си го каже своето мислење.

Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи.Меѓутоа, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески. Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“-велат од Кабинетот на шефот на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.