Стартува пробниот попис на населението, со кој ќе бидат опфатени 13 општини. Попишувањето се врши електронски, а попишувачите со лаптопи поврзани преку интернет конекција директно во посебна апликација ги внесуваат податоците. Вработените во Државниот завод за статистика вчера беа во Општина Кисела Вода, која е една од општините каде ќе се спроведува пописот. Тие велат дека единствено ќе им треба матичниот број од граѓанинот, а дека целта на пробниот попис е да се провери веб апликацијата и интернет конекцијата.

Секој попишувач треба да пополни три типа прашалници: за условите на живеење во домаќинството, за типот и квалитетот на станбениот простор и прашања за демографските, социолошките, економските и етно-културолошките белези на населението.

Пробниот попис ќе трае до крајот на месецот, а ќе бидат опфатени општините Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.