Поради неспособноста и корумпираноста на власта, македонскиот народ денеска замина за Србија каде што ќе се вакцинира, наместо тоа дома да го направи, обвинува Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ.

Стани Венко, не спиј! Поради твојата неспособност и корумпираност, денес огромни колони на возила се упатени кон Србија, што можеш и самиот да видиш од сликата на граничниот премин Табановце/Прешево, а информациите говорат дека веќе е иста ситуацијата и пред ,,Хала Београд“, каде народот ќе се вакцинира!
Ние останатите денес од 11:30ч, ќе ти се собереме пред министерство за здравство да ти побараме оставка и да ти порачаме дека ќе одговараш за сите злодела што и ги направи на Македонија, вели Пандов.

Стани Венко, не спиј! Поради твојата неспособност и корумпираност, денес огромни колони на возила се упатени кон Србија,…

Posted by Александар Пандов on Saturday, 27 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.