Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски напиша отворено писмо за масовна злоупотреба на вршење на јавна функција при распишани предвремени парламентарни избори и прогласена вонредна состојба на територијата на целата држава.

Во нејзиното отворено писмо таа пишува:

Согласно започнатата кампања, ЗА ФЕР ИЗБОРИ, ПРИЈАВИ ПРИТИСОК, до мене пристигаат сериозни информација за вработувања во институции за време на изборен период, поточно, од страна на раководните лица на институциите преку Агенции за привремени вработувања (без да се одјават отстапените работници, без јавен оглас, подолго од една година, им се продолжуваат договорите за вработување), регрутираат старо нови работници односно им се продолжуваат договорите за вработување спротивно на закон и забраните утврдени со закон.

Со ова отворено писмо сакам да ја информирам јавноста и надлежните институции, за НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 33 и 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик, спротивно на членовите 3-г и 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања како и за НЕпостапување од страна на институции.

Имено, НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 33 и 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, НЕпочитувањето на забраните утврдени во членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик и НЕзаконските вработувања преку Агенции за привремени вработувања а спротивни на членовите 3-г и 4 од Законот за агенциите за привремени вработувања, претставува масовна појава која никој не ја контролира и НЕпречено голем број институции вработуваат стотици, илјадници работници.

Ваков вид примери за НЕзаконски вработувања има во: Општина Гази Баба, Општина Кавадарци, Општина Јегуновце, Општина Лозово, детски градинки и други институции.

Во Македонија за време на распишани предвремени парламентарни избори и прогласена вонредна состојба на територијата на целата држава, институциите вработуваат над 14 000 лица со договор за вработување на определено време заради зголемен обем на работа а притоа евидентно е дека во институциите имаат намален обем на работа.
Институциите вработуваат дополнително стотици, илјадници работници, повторно заради зголемен обем на работа и преку Агенции за привремени вработувања, без јавен оглас, без да се одјават отстапените работници на кои им завршил договорот и подолго од една година, односно НЕЗАКОНСКИ!

Колку вкупно НЕзаконски отстапени работници во институциите има и колку пари се потрошени (злоупотребени) по овој основ јас не можам да откријам и да одговорам на претставките доставени до мене.

Со ова мое отворено писмо сакам да обзнанам и укажам на голем број на НЕправилности, НЕпочитување на забраните, но и НЕпостапување од страна на надлежни институции а со цел запирање на самоволието и расипништвото од страна на раководните лица на институциите кои незаконски вработуваат над 14 000 лица со договор за вработување на определено време заради зголемен обем на работа и дополнителни илјадници работници заради зголемен обем на работа кои се отстапени преку Агенции за привремени вработувања.

Воедно ќе потсетам дека сеуште не ми се одговорени прашањата упатени до институциите кои на секаков можен начин избегнуваат да ги одговорат, а тоа се:

– Дали во Агенција за администрација е формирана Комисија за ревизија на постапката за селекција на административните службеници и доколку е формирана колку ревизии има направено?
– Колку инспекциски надзори над спроведување на Главата IV-a од ЗВЈС има извршено Државниот управен инспекторат?
– Колку има пријави во работен однос (М1) на неопределено/ определено/ сезонски/ итни и неодложни/АПВ, за државен и јавен сектор и вкупно?
– Колку има одјави од работен однос (М2) и по кој основ од неопределено/ определено/ сезонски/ итни и неодложни/АПВ, за државен и јавен сектор и вкупно?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.