Законот за учебници и протестот кој што се случуваше поврзан со ова е во организација на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“. ВМРО-ДПМНЕ како партија дали ја поддржува оваа активност не. Ние не ја поддржувавме оваа активност, но протестот е демократско право и сите имаат право на учество – појасни Бети Стаменкоска Трајковска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Стаменкоска Трајковска додаде дека власта законот го повлече откако се почувствува реакцијата во јавноста. Реакцијата на јавноста во однос на законот за дигитализација е негативна.

Овој закон е доста дискриминирачки и со овој закон доколку се донесе во Собранието за злоупотреба на европското знаменце, ќе се кршат многу правила. Зошто го споменувам ова? ЕУ ни препорачува да имаме Зелена Европа агенда, стратегија. А, во стратегијата 2021-2025 се препорачува Зелена Европа, каде што нели акцентот ќе се стави на заштитат на животната средина. Но ние не можеме да го злоупотребуваме Деловникот каде што во членот 135 јасно стои во став 3 дека кога се носи закони со европско знаменце тие мора да се адаптираат според регулативите и директивите според препорака на ЕУ-  рече Стаменкоска Трајковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.