Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.
Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.
Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – остварување, заштита и унапредување на работничките права, стои во соопштението.
Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.
– Сите ние, заедно здружени во ССМ, сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.