Информациите кои вчера ги објави италијанскиот весник „Ла верита“ преговорите за кинески вакцини на македонската влада и вратениот аванс по сомнението дека мириса на кримина, се дадени од српските разузнавачки служби, поточно БИА која има одлична соработка со службите на НР Кина, дознава „Инфомакс“.

Според порталот, откако Кинезите ја разбиле шемата тие ги брифирале своите српски колеги поради фактот што во сопственичката структура на посредничката фирма од Македонија имало и странски државјани кои се предмет на интерес на БИА па така „шемата“ со провизиите помина неславно.

Информацијата, пак, од БИА стигнала до италијанските новинари.

Македонската комапнија која била задолжена за набавката на вакцините на „Синофарм“ oд страна на министерството за здравство, ЕДИЦ Фарм АС е формирана во 2020 година на 29.04 во екот на пандемијата на коронавирусот со влог од 310 илјади денари.

Фирмата е во сопственост на српски државјанин Александар Михаиловиќ oд Белград, Драган Новаковиќ, исто така српски државјанин, и Драган Петровски и Јован Ѓорѓиоски македонски државјани.

Се поставува прашањето зошто ако не за провизии, за посредник при ваква сериозна набавка на вакцини во време кога тие се повредни од злато се дава на фирма која постои неполни година дена, пишува порталот.

Според сознанијата на „Инфомакс“, оваа македонска фирма со српски капитал за посредник во набавката на вакцини ја одбрала фантом фирмата од Хонг Конг која го вклучила алармот кај кинеските власти кои поради српските државјани во сопственичката структура ја информирале БИА.

Гореспоменатите српски државјани се интересни и се следени од српските служби поради сомневања за сериозен криминал.

Да не заборавиме дека ова не е изолиран случај па така Компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, доби тендер од 35 милиони евра за набавка на апарати и реагенси за испитување на крв иако постоеше само 4 месеци и имаше 27 годишен сопственик од Србија.

Очигледно српската жица е добитна кога станува збор за тендери во здравството, пишува „Инфомакс“.

Извор: Инфомакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.