Во Скопје започна одбележувањето на 700 годишнината од упокојувањето  на српскиот крал Милутин кое се прави без никава соработка со македонските институции за што голем број професори и интелектуалци реагираа и официјално.

На почетокот на собирот преку видео порака се обрати и српскиот патријарх Порфириј кој говореше за значењето на Милутин без да ја спомене Македонија.

Негова заслуга е подигнување на црквата Богородица Љевишка во Призрен, црквата Свети Ѓорѓи Нагоричански во Стари Нагоричан, манастирите Трескавац кај Прилеп, Грачаница и Бањска, црквата Богородица Тројеручица и два други цркви во Скопје, катедралната црква на манастирот Хиландар и малата црква Ана во манастирот Студеница, потоа црквата Свети Јован со болница и гостилница во Цариград-рече Патријархот.

Милутин е најзначаен српски крал од средниот век кој припаѓал на династијата Немањиќи.

За време на неговото речиси четириесетгодишно владеење, Кралството Србија го започнало своето значително проширување на југ за сметка на Византија, со која во 1299 година била воспоставена нова граница на линијата Охрид-Прилеп-Штип (ја држеле Византијците), која го поврзувала северниот дел на денешна Албанија и поголемиот дел од денешна Македонија.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.